Насловна / Вести / Енергетска санација на деловни и спортски објекти во Белград

Енергетска санација на деловни и спортски објекти во Белград

Belgrad1

Започна проектот за енергетска санација на објектите на седум големи претпријатија во Белград.Се очекува со планираните реконструкции и имплементираните мерки за енергетска ефикасност, препловување на потрошувачката на енергија. Ова е од особено значење ако се има предвид дека Белград троши над една третина од вкупната потрошувачка на електрична енергија и гас во земјата.

Sava centar BGD

Познатиот Центар „Сава“ е еден од објектите опфатени со реконструкцијата. Објектот изграден пред 39 години е огромен и нерационален потрошувач на енергија, со оглед на фактот дека објектот е граден во време кога воопшто не се размислувало за енергетската ефикасност. Денес објектот троши месечно по околу 50.000 евра за греење и исто толку за електрична енергија. „Светилките е потешко да се избројат отколку да се заменат” велат вработените, бидејќи објектот има вкупно 100.000 светилки.

Kombank Arena BGD

Иако се работи за неодамна изграден објект, „Комбанк“ арената е исто така енергетски неефикасна, и исто така ќе биде предмет на оваа реконструкција. Во проектот уште се вклучени: спортските центри „Таш“ и „Врачар“, „Пионирски град“, како и објектите на „Београдске електране“ и “Београдски сајам“. Со помош на 11 милиони евра од фондовите на Европската Унија, енергетската реконструкција на овие објекти планирано е да заврши во септември.

Неодамна преку сличен проект во Келн се реконструирани девет големи објекти, кои денес трошат околу 50% од потрошувачката на енергија пред реконструкцијата.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top