Насловна / Вести / Енергетска реконструкција на уште една болница во Хрватска со средства од ЕУ

Енергетска реконструкција на уште една болница во Хрватска со средства од ЕУ

Hrvatska klinika Fran Mihalevikj

Неодамна е потпишан Договорот за изведба на работите за енергетски ефикасна реконструкција на Клиниката за инфективни болести “Dr. Fran Mihaljević”  во вредност од 41,3 милиони куни (околу 500.000 евра) Хрватскиот „Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност“ обезбедува 40% од средствата, а остатокот се обезбедува преку системот ЕСКО, односно преку остварените енергетски заштеди по реконструкцијата. Измерената потрошувачка на енергија во болницата изнесува 8 милиони  kWh/годишно, односно  3,5 милиони куни, а со енергетската обнова ќе се заштеди 47% од енергијата. Министерот за градежништво Ловро Кушчевиќ истакна дека енергетската реконструкција на јавните објекти во овој период е една од најзначајните активности која ја спроведува ова Министерство.

Hrvatska fond za zastita na okolinata i en.efik.

 

 

Тој ги повика сите управители на болници, училишта и сл., да се пријавуваат на јавните конкурси преку кои се обезбедуваат средства з аоваа намена до 2020 година, од кои само од ЕУ фондовите на располагање се околу 300 милиони евра. Според овој ЕСКО модел во Хрватска е изведена или е во тек енергетска реконструкција на 90-тина објекти, а вкупната вредност на инвестициите изнесува околу 800 милиони куни (10 милиони евра). За илустрација, кај нас само за „разубавувањето“ на зградата на МЕПСО планирано е да бидат потрошени 11 милиони евра, а какви ќе бидат енерегетските карактеристики на објектот потоа не е познато за јавноста.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top