Насловна / Вести / Енергетска коалиција против климатските промени

Енергетска коалиција против климатските промени

energetska koalicija1

Непосредно пред почетокот на конференцијата за климата во Париз,  COP21, основачите на Мајкрософт и Фејсбук, Бил Гејтс и Марк Цукерберг, ги здружија силите и ја основаа светската група на технолошки гиганти – Енергетска коалиција (Breakthrough Energy Coalition). Мултинационалниот приватен фонд ќе финансира истражувања во областа на чистата енергија, со цел овој сектор да стане вистинска конкуренција на фосилните горива. Инвестирањата ќе бидат насочени кон иновативни концепти вклучително и оние што досега се сметале за високоризични.

samit za klimata vo pariz
Коалицијата обединува и некои од водечките имиња во оваа област, како Брансон од компанијата Вирџин, челниците на Амазон и Алибаба и сл. Идејата е во рамките на оваа програма online casino да се соработува со земјите што учествуваат во иницијативата „Mission Innovation“. На тој начин би се удвоиле јавните инвестиции во енергетските истражувања во наредните пет години, одосно според пишувањето на Вашингтон Пост, од 10 на 20 милијарди долари. Деветнаесет влади веќе ја потпишале програмата „Mission Innovation“, вклучувајќи ја Америка, Кина и Индија.

energetska koalicija2

„Историски гледано, потребни се повеќе од 50 години за да се случи значајна промена во секторот производство на електрична енергија, но тоа мора да го сториме побрзо“, изјави Бил Гејтс за Вашингтон Пост

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top