Во очекување на градежните работи на новиот патнички терминал, на аеродромот во Загреб се инвестира во четири зелени проекти. Првите три проекти се однесуваат на производството на санитарна топла вода со соларни системи, а четвртиот е проект за производство на електрична енергија во фотоволтаични модули.
Со реконструкцијата на системот за подготовка на санитарна топла вода ќе се елиминира употребата на екстра лесно масло како енергент за таа намена, што од аспект на енергетската ефикасност е неприфатливо. Вреловодната топлана на аеродромот Плесо има моќност од 13 MW.
Извор: energetika-net