Насловна / Вести / Енергетиката на Балканот – темна област на европската мапа

Енергетиката на Балканот – темна област на европската мапа

Evropa navecer

На таканаречените мапи на светлосното загадување, односно ноќните сателитски снимки на европскиот континент, Балкано претставува еде од „потемните делови“, во конкуренција со тешко пристапните предели на крајниот север на Скандинавија или широките пространства на европскиот дел од Русија. Мракот притоа, освен позитивниот пример на слабата погоденост од овој тип на загадување, истовремено е индикатор за релативно скромна потрошувачка на енергија. За таквата состојба придонесуваат процесите на транзициската деиндустријализација, како и драматичното иселување и депопулација која земјите од регионот веќе ги чини шокантни 12% од предтранзициската бројка на вкупното население, или над 7 милиони жители.

povrsinski kop
Иако одредени земји како Хрватска и Словенија, според потрошувачката на енергија по жител донекаде се приближуваат кон земјите од Западот, другите како што се Албанија, Романија и Македонија, според пишувањето на регионалниот портал Bilten.org, повеќе личат на земјите од таканаречениот Трет свет. Но, без оглед на тоа, енергетското значење на Балкант далеку ја надминува неговата важност како потрошувач. Освен големите резерви на лигнит по кој регионот е познат, не е за потценување и потенцијалот во областа на обновливите извори на енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top