Главниот град на Словенија доби корисен проект одобласта на кружната економија. Енергетика „Љубљана“ ја превзема отпадната топлина од погоните на фармацевстката компанија „Лек“, и го користи во својот систем за далечинско греење. Преку топлификацискиот систем, оваа отадна топлина супституира дел од горивото (природен гас) потребно за подготовка на топла вода за греење, но и санитарна топла вода. Овој проект со „Лек“ дел од групата Novartis, е започнат во средината на март и пробната работа се покажала успешна. Идејата е предложена во 2018 година од страна на „Лек“, а во септември минатата година, по извршените анализи, потпишан е договор.
Отпадната топлина доаѓа од погоните за изработка на цврсти и стерилни производи. Енергетика „Љубљана“ произведува топлинска и електрична енергија од постројки за когенерација со висока ефикасност. Минатата година, во соработка со Resalta, компанијата започна проект за паметни системи за далечинско греење.