Насловна / Вести / Енергeтската заедница ќе ги разгледа барањата за продолжување нa работата на електраните на јаглен

Енергeтската заедница ќе ги разгледа барањата за продолжување нa работата на електраните на јаглен

Со заострувањето на енергетската криза, неколку држави членки на Европската унија започнаa да го зголемуваaт производството на електрична енергија од јаглен, но и да враќаат на мрежа претходно затворени електрани на јаглен односно да го пролонгираат рокот за затворање на производните капацитети. Истовремено, земјите официјално не се откажуваат од своите климатски цели за 2030 година и за периодот потоа. Притоа се укажува дека нивниот приоритет е енергетската сигурност.

optout1

Регионот на Западен Балкан со години е критикуван поради загадувањето од големите ложишта, првенствено електраните на јаглен. Против земјите од регионот покренати се повеќе постапки. Директорот на Енерегстката заедница Артур Лорковски, потврдил дека постојат барања за продолжување на работниот век на некои од термоелектраните на јаглен кои веќе требало да бидат затворени или се пред истекот на одобрените 20.000 работни часови преку т.н opt out механизам. „Отворени сме да ги слушнеме аргументите на оние кои бараат вакво продолжување. Сепак, треба јасно да се истакне дека основната цел на Енерегетската заедница е целосна примена на постоечките законски обврски за заштита на животната средина. Од друга страна, треба да се отвори расправа по ова прашање“, рекол Лорковски во својата изјава за новинарите.

optout2

 

Босна и Херцеговина годинава еднострано ја продолжи работата на двата блока во електраните „Тузла“ и „Какањ“ до 2027 година и така „заработи“ постапка за решавање на спор во склоп на Енерегстката заедница. Истото се случи и во Црна Гора, откако на крајот на 2020 година, ги искористи одобрените 20.000 часови за единствената термоелектрана во земјата „Плевља“. Но, „Плевља“ во моментот се реконструира со цел да се усклади со прописите на ЕУ за заштита на животната средина. Србија е пред истекот на одобрените 20.000 работни часови за „Колубара А“ и „Морава“.

optout3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top