Насловна / Вести / „Енел“ вложува 400 милиони долари во енергетиката во Перу

„Енел“ вложува 400 милиони долари во енергетиката во Перу

Enel

Според американскиот портал ‘Renewable Energy World.com’, италијанската енергетска компанија Enel  ќе вложи 400 милиони долари за проекти за искористување на обновливите извори на енергија во Перу. Како што се истакнува, вкупната моќност на предвидените постројки изнесува 326 MW, а италијанската компанија е избрана на тендер кој го распишала перуанската влада.

Enel1

„Зелената“ подружница на „Енел“, односно Enel Green Power  ќе изгради ветерен парк со вкупна моќност од 126 MW, соларни електрани со вкупна моќност од 18 MW и мали хидроцентрали со вкупна моќност од  20 MW. Според договорот во наредните 20 години, целокупната енергија од овие постројки ќе мора да се испорачува во перуанскиот електроенергетски систем. Сите нови централи треба да бидат завршени до 2018 година.

battery

Стручњаците оценуваат дека со оваа зделка, „Енел“ сериозно ќе ги зацврсти своите позиции во Јужна Америка.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top