Во галеријата на Центарт за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва (25 декември), во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Емоционални записи“ од уметницата Силвана Атанасовска.
Самостојната изложба на сликарката Силвана Атанасовска насловена „Емоционални записи“ нуди десет слики работени масло на платно, кои се создадени последнава година.
Инспирација за создавањее на делата авторката ги наоѓа во внатрешниот космос на човекот, најмногу во емоциите кои луѓето ги доживуваат и искажуваат во денешново, модерно време.
Со оваа изложба Центарот ќе ја заокружи програмата на ликовен план за 2015 година.