Минатата година, сушата ширум светот го ограничи работењето нa хидроцентралите, па фосилните горива во голема мера го покриваа тој недостаток, објави Меѓународната агенција за енергетика (IEA). Така, емисиите на гасови со ефект на стаклена градина срушија рекорд. Нивното ниво постојано расте, како и концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата. Глобалното затоплување и натаму се забрзува. Емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во областа нa енергетиката во 2023 година имаат пораст од 1,2%, односно на 37,4 милијарди тони, соопштува IEA. Од крајот на Втората светска војна, пад е забележен само седум пати за време на рецесии: 1949, 1980, 1981, 1982, 2009, 2015 и 2020 година.
IEA дури 40% од овој раст на емисиите го припишува на исклучително јаките суши, но од друга страна истакнува дека соларните електрани, ветерните електрани, електричните возила и други технологии, се заслужни за зголемување на емисиите, бидејќи е зголемена вкупната побарувачка на енергија. Сепак, зголемувањето на емисиите во наредните пет години би било три пати поголемо доколку во енергетиката не беа застапени „чистите“ технологии, се вели во годишниот извештај на IEA. Голем пад е забележен во развиените земји, првенствено поради напуштањето на јагленот и силниот развој на нов капацитети во обновливи извори на енергија. Но, и натаму, глобално концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата расте и со тоа ги забрзува климатските промени. Просечната глобална температура секој месец од мај 2023 година го има надминато претходниот рекорд.