Во извештајот кој неодамна го објавиле научниците од Соjузниот завод за испитување и истражување на материјали (EMPA) од Швајцарија, се истакнува дека во периодот од 2010 до 2020 година се зголемени емисиите на пет супстанции кои ја оштетуваат озонската обвивка. Се работи за пет соединенија кои припаѓаат на групата на т.н фреони кои се забранети за употреба како ладилни средства, но чија емисија се должи на нивното истекување од инсталациите при производството на новите соединенија кои се нивна замена. Овој извештај е објавен во април годинава во угледното научно списание Nature Science.
Мерењата на уделот нa овие соединенија во воздухот се спроведени од страна на повеќе институции ширум светот, на повеќе локации. Сепак, утврдено е дека и покрај нивното зголемување на емисиите во наведениот период, не дошло до значајно оштетување на озонската обвивка. При истражувањата се анализирани емисииите на R 13, R 112a, R 113a, R 114a и R 115, чие време на задржување во повисоките слоеви на атмосферата изнесува од 52 до дури 640 години. Еден од резултатите на споменатата студија е и препораката R 113a, R 114a и R 115, веќе да не се користат при производството на новите ладилни средства.