Архитектонското студио за дизајн и истражување со седиште во Бангкок, предводено од Џенчи Хунг (Jenchieh Hung) и Култида Сонгкитипакди (Kulthida Songkittipakdee), во контекст на прославата за кинеската Нова година, го презентираше проектот Freeing FrameYard, реинтерпретирајќи ги античките легенди за народот Хака. Павилјонот е лоциран, во атриумот, на главната оска на селото Даваншију Хака, во античкиот град Пингшан, сега област во Шенжен. Овој традиционален плоштад, има историја и култура од повеќе од 200 години (изградбата започна во 1791 година). Внатрешните градини сега се користат како место за набљудување на небото и за чувствување на ветрот, автентичниот амбиент, како богато искуствено жариште на градот, каде Хаките ја произведуваат и преработуваат свилата.
Времената инсталација студиото ХАС Дизајн и истражување, ја реинтерпретира културата и патот на свилата во традиционалниот двор Хака и апстрактно ја трансформира во нова просторна конфигурација висока приближно 4 метри. Во текот на денот, речиси 5.000 цевки создаваат мек, транзитивен простор. Ноќе, лентите од светлина, скриени во структурата, на павилјонот како ѕвезденото небо, им го овозможува на корисниците потребното „место за инспирација“. Долго време опстојува легендата на народите врз која се темели и поривот за изведба на инсталацијата. Народот Хака го смета дрвото банјан за свето дрво и имаат обичај да го поставуваат пред своите куќи. Зимзелената слика на дрвото банјан го симболизира просперитетот и долговечноста на народот Хака, како широкоумен и толерантен кон себеси и другите. Дрвото банјан, како резултат на оваа легенда, е најубавото природно засолниште кое со своето огромно стебло не само што штити од сонце и дожд, туку и станува место за социјализација на локалните жители.
Во текот на денот, речиси 5.000 цевки создаваат мек, затскриен простор, обезбедувајќи им на посетителите медитативен простор каде што можат да комуницираат со непосредниот контекст Ноќе, скриените ленти на светлина во зракот на структурата исцртуваат нежни криви, исто како ѕвезденото ноќно небо. При пристигнувањето на посетителите на влезот, илјадници цевки формираат светлосна завеса, која се користи како сценски простор за театарски претстави за време на новогодишните фестивали Хака и исто така служи како мултифункционален социјален простор за активности, внесувајќи нова виталност во вековното наследство.
Во статуата на мајсторот Зенгзи од страна, илјадници цевки формираат лак, што не само што создава несекојдневно искуство на обожување на предците, туку и го зајакнува дијалогот помеѓу новата архитектура и старио град Хака. Основната структура усвојува слободностоечки дизајн кој не ја оштетува подлогата на конкретното заштитено градителско наследство. Горната структура користи флексибилни прилагодливи завртки за да се максимизира координацијата и да се постигне хармоничен однос со историските градби. Freeing FrameYard не само што ја претставува новата форма на стариот град, туку станува и реактивирано урбано ткиво, каде што луѓето од Хака постојано се враќаат.