ELES, операторот нa преносниот систем на Словенија, планира да ја користи отпадната топлина од трафостаниците за загревање на своите деловни згради, но и за продажба нa стопанството. Плановите се сите работи околу овој проект да бидат завршени до 2027 година.
Одлуката е донесена после изработката нa две студии кои се финансирани во склоп на програмата „Европска локална енергетска помош“ (European Local Energy Assistance – ELENA). Во првата студија е испитана расположивата количина на топлина за загревање на објектите на ELES, како и количините достапни за надворешни корисници. Во втората студија, детално се проверени можните намени за користење на топлинската енергија и интересот на потенцијалните купувачи во локалното опкружување. Врз основа на заклучоците и препораките од студиите, ELES одлучил да ја зафати и искористи топлината од 11 трафостаници. Програмата ELENA обезбедува финансирање за изработката на проектот и подготовка на тендерската документација за избор на изведувач. Реализацијата ќе се одвива во склоп на проектот GreenSwitch, кој исто така делумно се финансира од европски донации.