Електрани на Македонија ќе вложи 270 илјади евра во нови проекти и истражувања во областа на обновливите извори на енергија. Компанијата соопшти дека овие средства ги вложува со цел да го зголеми уделот на електричната енергија добиена од обновливи извори во вкупното производство на електрична енергија од АД ЕЛЕМ.
Овие средства, АД ЕЛЕМ ги добива во рамки на проектот CROSSBOW, склучен меѓу Агенцијата за иновации и мрежи (INEA) формирана од Европската комисија и конзорциум од 24 партнери, меѓу кои и АД ЕЛЕМ.
Целта на проектот е испитување на можностите за менаџирање на различни видови обновливи извори на енергија и на можностите за складирање на енергијата добиена од нив, со што ќе се овозможи транснационален пазар на големо за електрична енергија.