Државната компанија „Електропривреда Црне Горе“ (EPCG), за првите шест месеци од годинава оствариле добивка од над 100 милиони евра, што е најголем износ кој компанијата го забележила од своето формирање. Во истиот период минатата година, компанијата остварила добивка од 6,4 милиони евра, а во својата историја се соочувала со периоди и на негативни деловни резултати. Претходно, највисоката добивка е сотаврена во 2013 година и изнесувала 42 милиони евра.
Од компанијата соопштуваат дека остварените резултати во првото полугодие се резултат на добрите хидролошки прилики и доброто управување во услови на енергетска криза. Тие посебно истакнуваат дека додека траела енергетската криза, владата воопшто не интервенирала со средства од буџетот, но и дека не била зголемена цената на електричната енергија за граѓаните. Со тоа, компанијата е редок пример во регионот меѓу државните енергетски компании.