Насловна / Вести / Електричното Porsche Taycan го покажа својот потенцијал на патеката Nürburgring

Електричното Porsche Taycan го покажа својот потенцијал на патеката Nürburgring

Предпродукцискиот модел на Porsche Taycan ги покажа своите перформанси на патеката за Формула 1, познатата Nürburgring, и ја мина за 7 минути и 42 секунди. Должината на патеката е 20,6 километри. Со овој резултат, Taycan го држи рекордот во категоријата електрични автомобили со четири врати. Тест возењето на предпродукцискиот модел кој ќе ја има својата светска премиера на 4-ти септември, го реализираше Ларс Керн.

Автомобилот е погонуван од два електрични мотори со над 600 коњски сили, и постигнува забрзување од 0 до 100km/h за 3,5 секунди, како и максимална брзина од над 250 km/h. Сите детали во врска со техничките податоци ќе бидат познати на 4-ти септември.

taycan2

taycan3

taycan4

Испрати коментар

Scroll To Top