Иако луѓето ширум светот сега се убедени дека електричните погонски склопови се изводливи, сепак електричните возила и натаму се соочуваат со потешкотии, се истакнува во Студијата за потрошувачите на автомобили изработена од Deloitte. Во САД 29% од испитаниците би избрале нетрадиционални погонски склопови, вклучувајќи хибриди и електрични за своето следно возило, што е пораст за 20% во однос на минатата година. Ниската цена на горивата и не премногу строгите стандарди во поглед на емисиите, како и недостапноста до субвенцции, веројатно ќе ја ограничи застапеноста на електричните возила на пазарот во САД. Интересот за електричните возила во Азија е значително поголем отколку во САД. Во Кина дури 65% од испитаниците би сакале алтернативен погон за своето следно возило, по што седуваат Јапонија со 59%, Кореја со 43% и Индија со 39%.
Европските држави, како што се Норвешка, Велика Британија, Франција и Холандија, најавија планови за забрана на продажба на конвенционалните дизел возила. Иако застапеноста на електричните возила има поттик во субвенции и во строгите стандарди за заштита на животната средина, сепак традиционалните возила се во моментот доминантни на улиците, а нивниот животен век е подолг од 10 години.
Студијата заклучува дека во САД пробивот на електричните возила сериозно ќе заостанува отколку во другите анализирани региони.