Насловна / Вести / Електричните автомобили се добри за планетата, но опасни по здравјето

Електричните автомобили се добри за планетата, но опасни по здравјето

Употребата на електрични автомобили ги намалува емисиите на СО2 и азотни оксиди, поради што многумина ги сметаат за спасители на нашата планета. Можеби се навистина корисни за здравјето на планетата, но според објавената студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), тие предизвикуваат уште еден проблем – тие се поопасни за здравјето на луѓето.

avtomobili1

Електричните автомобили со поголема автономија испуштаат ситни суспендирани честички кои се формираат како резултат на абење на гумите и сопирачките или ерозија на материјалот од кој се направени сопирачките.

Оваа ситна прашина (PM2.5) е опасна за респираторниот систем кај луѓето. Зошто е тоа така? Тежината на електричните автомобили е многу поголема од оние со дизел или бензински мотори.

Иако електричните автомобили го користат самиот електромотор за да забават, оваа маса треба да се запре, така што има повеќе триење помеѓу гумите и патот, поради што се зголемуваат емисиите на мали честички.

Од една страна, електричните автомобили испуштаат до девет проценти помалку ПМ10 честички, но со ПМ2,5, што е поопасно за здравјето, ситуацијата се менува.

avtomobili3

Електричните возила со автономија при возење до 160 километри (од кои има релативно малку) испуштаат до 13 проценти помалку честички од бензинот и дизелот, но веќе возилата со автономија од околу 480 километри испуштаат осум проценти повеќе бидејќи нивната тежина, како резултат на поголемите батерии, значително се зголемува. Заедно со сето тоа, има и зголемено абење на гумите, пренесува Вечерњи лист.

Испрати коментар

Scroll To Top