Насловна / Вести / Електричните автомобили не се рамномерно застапени низ Европа – причините се едноставни

Електричните автомобили не се рамномерно застапени низ Европа – причините се едноставни

Во северна Европа, електричните автомобили често се првиот избор при купување на нов автомобил, додека на југот на континентот тие одвај да имаат забележлив удел во вкупната продажба. U Новите податоци на Европското здружение на производители на автомобили – ACEA, покажуваат дека постои исклучително нееднаква распространетост на електричните автомобили во Европа, и за тоа постојат логични причини.

charging1

Субвенциите и погодностите при купувањето на електричен автомобил се првите аргументи за забрзано пробивање на електричните модели. Благодарение на државниот еколошки бонус во Германија, уделот на регистрацијата на електрични автомобили во моментот изнесува 17,8%, а слична е ситуацијата и во Велика Британија (16,6 %) и Франција (13,3 %), додека во некои случаи, процентите се и повисоки, како на пример Данска (20,8 %), Холандија (23,5 %), Шведска (33 %) додека јасен предводник во Европа е Норвешка со дури 79,3% удел на електричните автомобили.

charging2

Од друга страна, целосно поинаква слика може да се види во Италија, Шпанија, Полска и особено во југоисточна Европа. Така во Италија секоја година се регистрираат 1,3 милиони нови автомобили (четврто место во Европа), но само 3,7% од нив се електрични. Хрватска има само 3,2% електрични автомобили а Грција 2,7%. Словачка е на „врвот“ со удел од само 1,8%. Недостатокот на субвенции не е единствената причина. Имено, во многу од овие земји има речиси идентични субвенции како на пример во Германија, а некаде дури и повисоки. Како примарна причина се истакнува инфраструктурата односно мрежата ан станици за полнење. Грција има само 0,06% од сите европски станици з аполнење во 2021 година, односно само една од 1.700.

 

Испрати коментар

Scroll To Top