Електричните автомобили би можеле многу да помогнат во стабилизацијата на електроенергетските мрежи и да помогнат во понатамошниот развој на обновливите извори на енергија, се тврди во сттудија објавена во часописот Nature. Имено, технологијата Vehicle to grid (V2G), која во моментот е во фаза на развој, се овозможува електричните автомобили да се полнат кога има доволно електрична енергија ан располагање, но истата повторно да ја враќаат во мрежата тогаш кога ќе има потреба. Со зголемување на бројот на електрични автомобили, овие потреби за складирање би можеле во целост да се задоволат до 2030 година во повеќе земји во светот, велат пресметките на истражувачите од Универзитетот во Лајден во Холандија.
батериите би можеле да понудат капацитет од 32 дo 62 TW дo 2050 година, што е повеќе од потребите за складирање кои се проценети од странаа на Меѓународната агенција за обновлива енергија. Оваа пресметка вклучува и повторна употреба на истрошените батерии, кои поради 20 или 30% загуба во автономијата се сметаат за недоволни за автомобилите. „Користењето на електричните автомобили за складирање на енергија би ја намалило побарувачката за складирање на енергија, како и климатските последици поврзани со опремата за складирање, велат од Универзитетот во Лајден. Притоа се укажува на ограниченото учество на корисниците на електрични автомобили во V2G системот, имајќи предвид дека тие циклуси би можеле малку да го намалат векот на траење на батеријата. Овој удел е клучен и владата може да одигра важна улога со субвенции, со микро плаќања за поедници кои го поврзуваат својот автомобил со терминалот и ја делат својата електрична енергија, како и со обврска за компаниите да ги поврзуваат своите возни паркови. Студијата вклучува податоци од кинескиот, европскиот, американскиот и индискиот пазар и ги зема во предвид факторите како што се различните технологии на батерии, изминатото растојание на автомобилот или просечните температури кои влијаат врз рокот на треање на батериите. Неколку производители како Hyundai и Renault веќе тестираат возила со V2G технологија во Утрехт. Renault проценува дека во случај на вакво ианајмување ан електричниот автомобил, возачот и брендот би можеле да поделат 400 евра годишно.