Насловна / Вести / Електричниот Volkswagen Golf наскоро ќе биде најавен со концепт

Електричниот Volkswagen Golf наскоро ќе биде најавен со концепт

Volkswagen наскоро има намера да го претстави концептот со кој ќе го најави пристигнувањето на целосно електричниот модел на Golf, а нешто подоцна и неговата помоќна верзија GTI. После 14 години минати на врвот на листата на најпродавани автомобили во Европа, Volkswagen Golf го загуби тронот од Peugeot 208 во 2022 година. Поточно, компактниот автомобил од Волфсбург воошто не се најде на подиумот, бидејќи подостапниот Sandero на Dacia беше втор, додека на третото место се најде моделот T-Roc на Volkswagen.

vwel1

 

Во својата намера да ја подобри продажбата, Volkswagen работи на нова верзија на осмата генерација на Golf, кој ќе с енајде во продажба во 2024 година. Во меѓувреме, кружат гласини дека германскиот гигант подготвува популарно име за неизбежната електрична иднина. Станува збор за нов концепт кој ќе биде преставен најрано во март. Продукциската верзија за овој модел е најавена за 2025 година, а воедно тоа ќе биде првиот автомобили од Volkswagen кој ќе ја користи MEB-Plus платформата развиена за преден погон. Што се однесува до димензиите, автомобилот ќе биде подолг од Polо, но пократок од конвенционалниот Golf со должина од околу 4.250mm.

vwel2

Испрати коментар

Scroll To Top