Насловна / Вести / Електричниот Maserati GranTurismo Folgore дебитира во 2023 година со 1.200hp

Електричниот Maserati GranTurismo Folgore дебитира во 2023 година со 1.200hp

Овој модел на следната генерација требаше да дебитира уште минатата година, но дошло до одлагање на плановите, па тој сеуште не е претставен на јавноста. Со новиот електричен GranTurismo Folgore, оди чекор напред во иднината. Понатиот автомобилски бренд најави обновување на тизерите кои ќе го наговестат неговиот изглед, а судејќи според нив, не станува збор за драстично отстапување од познатиот GT облик. Се разбира, не се достапни многу детали, но познато е дека GranTurismo Folgore ќе биде базиран на нова платформа и ќе го погонуваат три електрични мотори.  Благодарение на моќноста од 1.200hp, од 0 do 100 km/h ќе забрзува за помалку од три секунди. Максималната брзина ќе изнесува 306 km/h. Од Maserati сеуште нема информации за дометот, времето на полнење и цената на моделот  GranTurismo Folgore, а тие информации веројатно ќе бидат познати дури следната година.

maserati1

maserati2

maserati3

Испрати коментар

Scroll To Top