Насловна / Вести / Електричниот камионет на Tesla веќе има околу 150.000 купувачи

Електричниот камионет на Tesla веќе има околу 150.000 купувачи

За помалку од 48 часа, американскиот производител примил 146.000 нарачки за новиот модел Cybertruck.

Директорот на Tesla, Илон Маск, се пофали со големиот број резервации за новиот електричен камионет, веднаш по неговата јавна презентација. Најголем број од купувачите се определиле за верзијата со два електромотори (42%), а незначително помал бил интересот за најскапата опција со три електромотори (41%). Само 17% од клиентите се одлучиле за основната верзија со еден електромотор.

cybertruck1

cybertruck2

cybertruck3

cybertruck4

Испрати коментар

Scroll To Top