Насловна / Арт и дизајн / Електричниот „Бугати“ од 20 милиони евра ќе вози со 400 километри на час

Електричниот „Бугати“ од 20 милиони евра ќе вози со 400 километри на час

Производителот на најексклузивните спортски автомобили во светот „Бугати“ планира да претстави тркачки автомобил со електричен погон. Тешко е да се предвиди цената на ова возило, но тоа ќе биде над 20 милиони евра, што ќе биде најскапиот автомобил произведен во светот.

Bugati

Најрадикално дизајнираниот автомобил на денешницата ќе стане реалност за неколку месеци. Електричниот „Bugatti Vision Le Mans“ ќе послужи како демонстративен пример за технологиите во иднината, велат експертите и претходниците на луксузот во светот.

Bugati1

Речиси сите тестови велат дека ќе биде најбрз со брзини над 400 километри на час.

“Ние сакаме да се прилагодиме на иднината, погонот со 18 цилиндри повеќе не е во мода, електричните мотори забрзуваат побрзо и имаат поголема употреба. Секако, сето ова е придружено со луксуз и цена“, изјави Мате Римац.

Bugati2

Единствената дилема останува кога овој автомобил ќе се најде во продажба и дали навистина ќе се тестира на една од најтешките трки на издржливост. Според дизајнот, експертите велат дека ова е најубавиот автомобил некогаш направен.

Bugati3

Bugati4

Испрати коментар

Scroll To Top