Насловна / Вести / Електрични мерцедеси за полицијата во Германија

Електрични мерцедеси за полицијата во Германија

Полицијата на германската покраина Саксонија „брза“ кон одржлива иднина, со 24-те нови електрични возила Mercedes B250e коишто од неодамна се во служба на полициските службеници. Покрај овие автомобили од Mercedes, во возниот парк пристигнаа и 20 возила со електричен погон од Renault.Elektromobilität

Mercedes-Benz B-Class Electric Drive или кусо B250e располага со електромотор со моќност од 132 kW односно 180 КС. Максималниот вртежен момент од 340 Nm се испорачуваат уште од старт, со што електричниот B-Class е способен да забрза до 100 km/h за само 7,9 секунди. Крајната брзина е ограничена на 160 km/h, заради спречување на пребрзо празнење на батериите.

Досегот од 200km со едно полнење е повеќе од доволен за вообичаената дневна рута на полицијата. Дополнително се нуди Range Plus, со когошто досегот се зголемува за уште 30km. Компанијата Mercedes гарантира дека батериите ќе функционираат беспрекорно осум години по испораката или до 100.000 изминати километри.

 

Испрати коментар

Scroll To Top