Градоначалникот на Лондон Boris Johnson најави дека од октомври низ улиците на Лондон ќе се појават првите електрични double-decker автобуси. Тој истакна дека ова ќе бидат првите електрични double-decker автобуси во светот. Според неговите зборови, производител е кинеската компанија BYD која соработува со јавниот сервис „Transport for London“. Кинеската компанија развила доволно моќни батерии така што во иднина сите постоечки класични автобуси од овој тип ќе добијат електрични батерии.
Инаку, во Лондон уште во 2012-та се воведени хибридни double-decker автобуси, а во 2013-та електрични еднокатни автобуси. Лондончаните и понатаму верни на традицијата, но и на енергетската ефикасност и новите технологии. Извонреден спој.