На 10 март 2година, во просториите на Стопанската комора на Белград, одржан е научно-стручен собир „Е- bus, нов концепт за чист и ефикасен јавен превоз во Белград“.
Во оваа прилика директорот на Јавното сообраќајно претпријатие на градот Белград изјави дека од јуни 2016 година ќе бидат воведени пет нови електрични автобуси на Нов Белград на линија долга 7,8 километри. Со едно полнење на батеријата електричниот автобус може да помине 25 километри. Самото полнење на батеријата трае пет до осум минути.