Култната автомобилска филмска икона се враќа на голема врата. Автомобилот кој се прослави со филмот „Враќање во иднината“, сега ќе добие своја електрична верзија. Преку кратко видео се промовира и најавува новиот DeLorean EVolved автомобил.
Првиот сериски примерок на оригиналниот DeLoreаn е направен на 21 јануари 1981 година, а за неговиот изглед бил заслужен Giorgetto Giugiaro, основачот на Italdesign. Засега нема многу јавно достапни детали, но извесно е дека најавената нова верзија ќе биде електрична.