Насловна / Вести / Електрична централа преминува од природен гас на водород

Електрична централа преминува од природен гас на водород

Elektricna centrala na vodorod

Американскиот портал ‘Power Engineering International’  известува за почетокот на реконструкцијата на постоечка централа на природен гас во централа на водород. Како што се истакнува, норвешката нафтена компанија Statoil, шведската електроенергетска групација Vattenfall, и холандската  компанија Gasunie, потпишале меморандум за разбирање за реконструкција на термоцентралата Магнум во Холандија. Се работи за термоцентрала во сопственост на холандската електроенергетска компанија Nuon (дел од групацијата Vattenfall), која како гориво користи природен гас.

Elektricna Centrala na vodorod1

Со преминувањето на водород како гориво, емисијата на јаглерод диоксид би се намалила за околу 4 милиони тони годишно. Термоцентралата се состои од три блока со гасни турбини во комби циклус (CCGT)  со поединечна моќност од 440 MW. Првично, водород ќе користи еден од блоковите.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top