Велика Британија е земја во која најголем дел од електричната енергија се добива од фосилни горива. Ладилните кули од бетон, како и големата емисија на стакленички гасови се нешта со кои Британија сака да расчисти во наредните години. Во прилог на ова, оди и најновиот проект зад кој стои Thomas Heatherwick, проектнатска фирма од Лондон.
Компанијата го претстави концептот за идната централа на биомаса со моќност од 49 MW. Проектирана е така што личи на планина прекриена со билки. Централата ќе користи отпад од плантажите со палми за производство на масло. Оваа централа ќе ја намали емисијата на стакленички гасови за 80%. Локацијата е предвидена на брегот на реката Тиз, до каде „горивото“ ќе се доставува директно со бродови.