Јапонската енергетска компанија Fujisaki Electric ќе ја изгради првата електрична централа која ќе користи бамбус како гориво за производство на електрична енергија. Како што е најавено, електричната централа која ќе биде лоцирана во префектурата Јамагучи, ќе произведува 15,8 милиони KWh електрична енергија годишно. За производство на енергија се користи локален бамбус, а компанијата планира пласирање на својата технологија и во други земји каде расте оваа билка.
Инаку, бамбусот е најбрзорастечко растение во светот, а некои видови ратстат дури 91 см/ден. Меѓутоа, содржи висок процент на калиум и други елементи кои се претвораат во цврсти честички по согорувањето и се таложат на ѕидовите на ложиштето. За решавање на овој проблем, ангажирана е германската компанија Lambion Energy Solutions. Изградбата на централата ќе чини 19,4 милиони американски долари. Пуштањето во работа е планирано за 2017 година.