Како концепт одамна познат, но овојпат во редизајнирана верзија и со електричен погон. I.D. Buzz ќе се базира на новата платформа за електрични возила под името “modularen elektrifizierungsbaukasten” која го имаше своето деби во јануари 2016. Се очекува сериско производство на моделот од 2022 година.
Има четири електро мотори – два предни и два за погон на задната оска. Ентериерот ќе може да се рекомпонира брзо и лесно, односно ќе може да се направи секогаш различен распоред на седиштата. Предвидена е и можност за автономно управување.