Насловна / Вести / Електричен тротинет Toyota

Електричен тротинет Toyota

Во последните години, електричните тротинети стекнаа огромна популарност ширум светот. Тротинетот C + Walk T на Toyota, е поинаков вид на тротинет која е повеќе наменета за луѓето кои потешко се движат, односно главно за постарите лица. Исто така,  C + Walk T  е добар и за работниците кои се движат по големи складишта, фабрики, авио терминали и слично. Брзината е помала од 10 km / h, а може да се ограничи и на само 1,6 km / h. Освен ограничувањето на брзината, уште една важна безбедносна опција е системот за избегнување на препреки. Имено, во случај на препрека на патот, ќе се огласи звучен сигнал. Овој тротинет е веќе достапен на јапонскиот пазар, по цена од 3100 УСД.

trotinet1

trotinet2

Испрати коментар

Scroll To Top