Насловна / Вести / Електричен трактор – made in Србија

Електричен трактор – made in Србија

Elektricen traktor Srbija2

Во конкуренција на 1.075 тимови од 104 земји, тројца млади иноватори од Србија го претставија проектот на својот електричен трактор под името  “Idvorsky Electric”. Се работи за единствена екипа од овие простори која успеа да се пласира во полуфиналето на светското натпреварување на претприемачи во Стенфорд, кое оваа година е одржано под покровителство на американскиот претседател Обама. Нивната намера е да го освојат пазарот со овој електричен трактор, бидејќи израснале со сликата на просечниот српски трактор кој има по 20 години, бучен е и тромав, а полето кое го обработуваат во исто време и го загадуваат.

Elektricen traktor Srbija

Никола Попов, Иван Јованов и Далибор Марковиќ, се тројцата млади луѓе кои успешно ја промовираа целата start-up заедница во регионот. На специфичен начин, заштитен знак на нивниот пронајдок е познатиот научник Михајло Пупин. „Михајло Пупин е од селото Идвор. Во Америка, Пупин во чест на своето родно место го додал средното име Idvorsky. Со оглед на фактот што се работи за американско натпреварување, а со цел да ги поврземе Америка и Србија, но првенствено да му оддадеме признание на Пупин, решивме да го употребиме неговото средно име како име на овој проект“, вели Далибор Марковиќ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top