Холандскиот дизајнер Daan Roosegaarde го презентираше својот проект „Проект без смог“. Неговата идеја се базира на еден вид „електронска правосмукалка“ која би требало да го собере целиот смог од урбаните градови. Според Daan Roosegaarde, проектот може да започне да функционира до крајот на 2016 година. Ваквиот „чистач на воздухот“ работи со помош на бакарни намотки кои создаваат електрично поле коешто ги повлекува честичките смог од воздухот во дијаметар од 165 до 1.900 метри. Иновативното решение може многу да помогне во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот. Главна инспирација за овој проект е огромното загадување во Пекинг. По посетата на овој град и воочувањето на загаденоста, младиот дизајнер се одлучил за дизајн решение со кое ќе го подобри животот на жителите на Пекинг.