Португалската енергетска компанија Energias de Portugal (EDP) планира да ја трансформира својата електрана во јужна Шпанија, во производствен капацитет за зелен водород, со инвестиција од 550 милиони евра. Целта е EDP да направи вистинска енергетска транзиција на поширокото подрачје каде е лоцирана електраната на јаглен од 570 MW, односно да помогне во декарбонизација и на локалните индустрии. Електраната во моментот е во процес на декомисионирање, но оваа инвестиција ќе придонесе за реализација на т.н Hydrogen Valley (Долина на водородот). Овој проект не е ограничен само на производството на зелен водород, туку вклучува и производство на енергија од обновливи извори и изградба на капацитети за складирање на електрична енергија.