Насловна / Архитектура / Електрана и облакодер во исто време

Електрана и облакодер во исто време

Дизајнерот Honglin Li  креирал предлог решение за изградба на електрана за генерирање на енергија од отпад сместена во облакодер. Ова необично решение под името FILTRATION, е наградено на  натпреварот 2019 eVolo Skyscraper Competition. Модуларната мега конструкција содржи неколку постројки за рециклирање и третман на отпад, постројка за генерирање на енергија од отпадот  и постројка за хемиски третман на водата, а со цел да го третира пловечкиот отпад на Пацификот познат под името Great Pacific Garbage Patch. Оваа пловечка депонија се протега од Западниот брег на Северна Америка до Јапонија и се проценува дека зафаќа површина од 8,1% од Тихиот Океан. Идејата за овој проект потекнува од заложбата за обезбедување на одржливо решение за пловечкиот отпад, како и да се обезбеди нова шанса за обновување на врската помеѓу природата и човекот.

filtration2

filtration3

filtration4

Испрати коментар

Scroll To Top