Оваа модерна резиденција се наоѓа во Сао Паоло и претставува простор со интересни принципи на дизајн.
Внатрешниот дизајн на оваа резиденција покажува силна восхит кон творештвото на германскиот архитект, кој е еден од основачите на модерната архитектура, односно кон Лудвиг Мис ван дер Рое. Овој проект го работеле Anna Novaes од бразилското студио Conseil. Таа се одлучила за спојување на сите заеднички простории во домот, како што се трпезарија, ТВ соба, гурманска зона и дневна соба во еден простран и отворен простор.
Стаклените партиции во форма на лизгачки врати се искористени за поделба на просторот, што резултирало со голема количина на природна светлина во секоја просторија. Кујната е одвоена со панел од другите простории, дизајниран од страна на Anna Novaes.
Неутралните бои кои се користени при дизајнирањето на овој дом создаваат елегантна атмосфера во сите простории, без прикажување на големо количeство на екстраваганција.