Насловна / Арт и дизајн / Елегантна и смела силуета

Елегантна и смела силуета

Столчето Laurence на португалскиот производител на мебел Greenapple дизајнирано е за да одговори на уметничката потреба за повторно осмислување на лик на жена на современата сцена на мебел.

1_resize

Неговата форма може да се следи од долниот дел на грбот до нозете кои наликуваат на високи потпетици или да се смени перспективата и да се открие друга живописна контура. Со својата елегантна и смела силуета, ова парче е замислено и да предизвикува чувства.

4_resize

3_resize

Laurence отелотворува комбиниран напор помеѓу креативноста на дизајнерите и умешноста на занаетчиите, подобрувајќи ги финишите и текстурите во игра помеѓу перфекционизмот и суровата убавина. И на крај, едноставноста се појавува како врвна форма на софистицираност.

2_resize

Тапацирано со кадифена кожа од нубук во избор на неколку бои, Laurence е рачно изработено од висококвалификувани мајстори и скроено по мерка на потребите и желбите на корисниците.

01_resize

02_resize

6_resize

11_resize

8_resize 5_resize 7_resize 9_resize 10_resize 00_resize

Испрати коментар

Scroll To Top