Ексклузивниот комплекс Falkensteiner Hotel & Spa се наоѓа во непосредна близина на Задар, на врвот на полуостровот на Пунта Скала, и претставува оаза на врвно задоволство и релаксација.
Овој Hotel & Spa е член на престижната групација на Leading Hotels of the World, а неговиот Acquapura Spa, единствен во Хрватска, е дел од елитната група на Leading Spas of the World. За врвниот lifestyle dizajn на комплексот „виновници“ се светски познатите архитекти Борис Подрека и Maтео Тун, кои инспирирани од длабокото синило на Јадранот обединиле јасни, воздржани линии со медитерански бои, создавајќи елегантна атмосфера и отмен амбиент.
На 6.000 м2 Acquapura Spa нуди многу третмани за убавина, релаксација и рекреација во ткн. infinity базени, додека Black Spa се одликува со турски Амам кој се простира на 700 м2, со сауна и простори за масажа и третмани за тело. Единствената Falkensteiner велнес филозофија е да се користи вода како главен елемент на здрав начин на живот, и е инспирирана од Ориентот и исцелителната моќ на кристалите.