Дека спојот на два сосема различни материјали, како што се дрво и челик, може да изгледа одлично, потврдува новиот производ од студиото Atelier Deshaus. Тоа е столот Sylph, чија структура е направена од челик во бела боја, додека седиштето е заоблено, дрвено и во натур нијанса.
Интересно е тоа што двете задни ногарки на столот се челични а другите две дрвени, со што е добиен разигран карактер, и тоа во минималистичка форма. Исто така, самите потпирачи се различни во однос на нивната кривулеста заобленост во различни форми, што на некој начин ги прави „индивидуализирани“ столчиња, па кога тие се наоѓаат на едно место, изгледаат како да не се работи за ист стол.
Дизајнерскиот тим ги опишува како да се синоним за женска елеганција, и навистина се.