Насловна / Градежништво / Елегантен мостовски лак во австриските планини

Елегантен мостовски лак во австриските планини

1

Како втор во серијата од три мостови, компанијата Marte Marte Architekten го завршуваат и мостот именуван  “Schaufelschlucht” низ планискиот пат во западниот дел на Австрија. Изработен од монолитен бетон составен од кривулести геометрии како одраз на структурните сили кои ги презема и контурите на земјиштето, се протега 16,5 метри долж еден поток кој тече во клисура. Лакот се издига од карпестиот рид на својата поотворена страна за да дојде до краток тунел.

2 3 4

“Schaufelschlucht” се наоѓа на патот помеѓу поголемиот град Дорнбир и малото планинско гратче Ебнит. Овој конзистентен пристап отпочна со првиот од трилогијата на инфраструктурни мостови наречен “Schanerloch”. Во двете сценарија, употребата на бетон создава чувство на стабилност и постојаност, со тонски и текстурални карактеристики слични на карпестите сегменти на кои лежат мостовите.

5 6 7

Широчината на мостот изнесува во просек пет метри, некаде проширувајќи се до 6,5 метри со минимална дебелина на армирано-бетонскиот лак од 50 сантиметри. Градежните трошоци за изведба чинат околу 450.000 €.

8 9 10

Испрати коментар

Scroll To Top