Проектирањето на малите студио апартмани е секогаш предизвик повеќе за добрите архитекти и дизајнери на ентериери. Ваквите простори се сосема ограничени по својата површина па токму за тоа нивното решавање претставува спој на креативност и функционалност на сите вклучени елементи поради фактот дека секоја од функциите има минимален простор.
Во овој стан, кој е дело на Антон Зеитсев, забележуваме друг стил на решението на малите студио апартмани. Во овој стан креветот не е скриен, па така недостатокот на ѕидови дава една сосема отворена, пространа и пријатна атмосфера. Естетиката на ентериерот е целосно елегантна и минималистичка. Со црната мат кујна и природните дрвени подови, како и малата трпезарија овој стан е сосема доволен и удобен.