Елеганцијата и функционалноста го дефинираат овој минималистички пентхаус, кој се наоѓа во Lycabettus, Атина. Дизајнот на овој простор се состои од оригинален мебел и смели решенија за складирање. Денес постои тенденција да се кријат нештата зад камуфлирани врати, а во овој апартман се на отворено, со успешен визуелен ефект.
Со мешањето на скандинавски предмети со нешта набавени од пазар за антики и стари предмети, дизајнерите успеале да создадат избалансиран простор за живеење, со многу креативност.
Палетата на бои е неутрална, сиви ѕидови, паркет од дабово дрво, црн камин, цемент и бел лак. Во овој смирувачки амбиент, некои елементи одлично се истакнуваат: црвена светилка и ѕидниот часовник во спалната соба, шарени перници или син стол во дневната соба.