Овој ентериер може да се окарактеризира како елегантен и „чист“. Формите и линиите што го обликуваат се чисти, без непотребни додатоци и украси. Целиот ентериер е материјализиран во природни материјали без дополнителна обработка, како натур-бетон, кожа, дрво и стакло.
Овој дом е целосно отворен и во соживот со околината, па така погледот кон морскиот брег е извонреден.