Целокупен елегантен дизајн е главната карактеристика на овој необичен семеен дом во Менхетн, во Њујорк. Проектот се состои од реновирање на неколку станбени единици за живеење. Со доаѓањето на новиот член, ова семејство од пет членови, својот двособен стан во поткровјето на зградата, сместена во областа Челзи, одлучи да го прошири со купување на идентичен стан кат погоре.
Долниот кат е претворен во семеен простор кој вклучува голема кујна со трпезарија, игротека и дневна соба. Новите скали од дрво и челик го отворааат горното ниво кое содржи студија, перална, три детски соби и голема спална соба. Посветено е особено внимание за подобрување на топлинската и акустична изолација на надворешните ѕидови.