Се работи за индустриски ентериер во Сан Франциско, чиешто уредување го потпишува Union Studio. Со неколку проверени елементи од индустрискиот стил, како што се темните нијанси на бои, ѕид од црвени тули, изложени инсталациски цевки, комбинирани се модерни детали, така што крајниот резултат е мошне елегантен ентериер, во кој доминира индустриски стил.
Отворениот основен план е функционално организиран, а поединечните соби се дефинирани со гломазни парчиња мебел.
Така, во дневната соба доминира модерната црната аглеста гарнитура, во трпезаријата масивната маса, а во кујната централен елемент со отворени полици.