Студијата објавена во часописот Nature Communications, открива дека градовите на глобалниот југ се поизложени на екстремна жештина поради недостаток на зелени површини, бидејќи во споредба со градовите на глобалниот север, тие имаат само 70% од „потенцијалот за ладење“ кое се обезбедува преку урбаното зеленило. Меѓународен тим на стручњаци користел сателитски податоци за 500 најголеми градови на светот во врска со проценката на „капацитетот на ладење – степенот до кој урбаните зелени површини влијаат врз температурите во градовите. Десетте градови со најголем капацитет на ладење се наоѓаат во САД, имајќи предвид дека многу градови во оваа земја имаат ниска густина на населеност, односно голема предност во корист на зелените површини.
Могадишу во Сомалија, е град со најмал капацитет на ладење, а следуваат Сана во Јемен и Росарио во Аргентина. Чикаго е единствениот американски град на оваа листа со капацитет на ладење под 1°C. Глобалниот југ кој ги опфаќа Африка, Латинска Америка и поголемиот дел од Азија, содржи подрачја кои се највеќе загрозени со екстремната жештина. Претходната студија покажала дека моменталните климатски политики ќе остават над една петина од човештвото изложено на опасно високи температури до 2100 година, со најголема ризична популација во Индија и Нигерија.
Анализата сугерира дека зелените површини можат да ја намалат температурата на површините во еден просечен град за околу 3°C во текот на летото, што е клучна разлика во периодите на екстремните жештини. Ефектот на ладење преку урбаните зелени површини, посебно урбаните шуми.