Насловна / Архитектура / Екстремен базен на врвот од хотелот

Екстремен базен на врвот од хотелот

ekstremen-bazen-vo-italijanski-tirol2

Стаклениот панел кој се наоѓа во основата на конзолниот базен, им дава на капачите драматичен поглед на јужнотиролските Доломити. Проектот е дело на архитектонската компанија NOA.

ekstremen-bazen-hotel-vo-italijanski-tirol

NOA го проектирала 25 метри долгиот базен за хотелот „Hubertus“, апартманска населба за скијачи и планинари во италијанската покраина Јужен тирол. Се наоѓа во подножјето на планината Кронплац, од каде се простира прекрасен поглед на околните Доломити – планински венец кој е дел од Алпите.

ekstremen-bazen-vo-italijanski-tirol1

Проектирана да оди 17 метри пред влезот во хотелот, оваа правоаголна конструкција е подигната 12 метри над тлото и потпрена со дебели столбови од домашен ариш кому му е отстрaнета кората.

ekstremen-bazen-vo-avstrija-stolbovi

Базенот е поставен во склоп на поголема конструкција со благо подигнати страни. Стаклениот отвор на дното има за цел да се овозможи чувство на лебдење.

ekstremen-bazen-vo-avstrija

Панелите од темносив камен имаат за цел да асоцираат на боите на околните планини. Ова е само еден од примерите за екстремни проекти кога се работи за базени.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top