Познатата ТВ мрежа „Евроњуз“ отворила во Лион нова управна зграда, која брзо станала нова атракција на овој француски град.
Проектот на париската архитектонска фирма Jakob+MacFarlane стана реалност, по четири години градење и сега „Евроњуз“ има многу модерно и екстравагантно седиште на устието на реката Рона.
Она е што посебна карактеристика на зградата се два кружни отвори на фасадата, од страна на реката, кои делуваат како зградата да набљудува.
Архитектите објасниле дека кружните отвори, всушност, се атриуми дизајнирани така да изгледаат како два големи рецептори, односно, како две големи очи кои ги гледаат настаните ширум целиот свет.
Впечатливата зелена фасада е направена од перфорирана панели, кои потсетуваат на вегетација.
Новото седиште на на „Евроњуз“ во Лион се простира на 10.000 квадратни метри на шест ката. Тука, се планира да работат 800 вработени.